Шкотска и Македонија играат 0-0 по првиот дел на дуелот на „Хемпден парк“. Домаќините се подобар ривал, создадоа неколку одлични шанси, но Столе Димитриевски е одличен на нашиот гол. Со неколку фантастични интервенции го спаси својот гол во првите 45 минути. Првата закана дојде од Шкотска во 12-тата минута, но центрираше многу непрецизно, а веќе во следниот напад и Македонија го имаше првиот обид. Дориев доби топка на левата страна, шутираше ...

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Шкотска на „Хемпден парк“ со 2-1 во петтиот натпревар од ова издание во Лигата на нации. Џон Мекгин беше стрелец на двата гола за Шкотите, вториот од пенал кој беше „посочен“ од ВАР собата, додека Елмин Растодер со својот првенец ја прекина серијата на Македонија без гол која траеше 323 дена. Шкотите првпат посериозно се заканија во 12. минута, но нивниот центаршут беше непрецизен. ...