Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи, Каја Калас, денес изјави дека фактот што руската делегација на мировните преговори во Абу Даби е составена од воен персонал, кој според неа нема овластување да се согласи за ништо, значи дека Русија „дефинитивно не е сериозна“ во врска со постигнувањето мир. „Тоа е токму спротивното. Тие ги бомбардираат Украинците, се обидуваат да ги натераат да се предадат со бомбардирање и ...

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати барањето на неговиот американски колега Доналд Трамп за времено замрзнување на воздушните напади врз Украина на одреден временски период. Потврда за ова стигна од портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Тој изјави дека руските сили ќе се воздржат од напади врз Киев до 1 февруари, иако Трамп претходно објави дека побарал од Путин да не пука на Киев и на другите украински градови и инфраструктура една ...