Легендарниот тренер Карло Анчелоти во летото минатата година си замина од Реал Мадрид, за да прифати нов предизвик, а тоа е да стане селектор на Бразил. Анчелоти успешно ги заврши квалификациите за пласман на СП 2026 и сега се подготвува за настап на Мундијалот со петкратниот светски првак. Бразилскиот фудбалски сојуз веќе долго време се обидуваше да го доведе Анчелоти, па затоа уште сега е подготвен нов договор за италијанскиот стратег. ...

Карло Анчелоти неодамна го презема Бразил и првично се договори да го води националниот тим на Светското првенство во 2026-та година, но после извонредниот почетен и пробен период кој го мина како селектор на „кариоките“, двете страни се презадоволни од напредокот на националниот тим. Италијанскиот стручњак лесно ги воспостави своите методи во репрезентацијата на Бразил и веднаш ги поправи резултатите, па иако прв голем предизвик ќе биде ...