Во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за случајот „Адитив“. Истрагата опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, за криминал тежок 6,5 милиони евра. Преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори, обвинетите местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен за потребите на РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина. ...

Судскиот процес против четворица онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, обвинети за несовесно лекување пациенти треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска, за што нејзиниот адвокат достави медицинска документација и барање за одлагање. На обвинителна клупа тогаш седнаа првообвинетиот Васев и двајцата онколози ...