Насилството помеѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот, е тема на тридневната филмска работилница за ученици во основните училишта „Снимај паметно, остави трага“, која ја организираат Меѓународниот филмски фестивал Киненова и Општина Кисела Вода во Скопје. Работилницата се одржува во Домот на културата „Билјана Беличанец“, под менторство на режисерката Марија Џиџева. Проектот има за цел да ги трансформира паметните ...

Општина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство. Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично” се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. ...