Аталанта влезе во играчка криза во најлош дел од сезоната, па по денешното тажно реми со Џенова на домашен терен, полека стана јасно дека „Ла Деа“ нема сили за излез во Европа. Тимот кој навика да игра во Лигата на шампиони под водство на Џан Пјеро Гасперини, сега има само теоретски шанси да избори Европа, откако не победи и на четврти натпревар во низа. Натпреварот во Бергамо не понуди многу возбудувања и истиот заврши со најразочарувачкиот ...
Аталанта речиси и дефинитивно се збогува со шансите за Лигата на шампионите, откако вечерва одигра само 0-0 на домашен терен против Џенова. Натпреварот започна со полушанса за гостите, кога Витиња се обиде да го загрози голот, додека на спротивната страна Кристовиќ упати удар од околу 20 метри, но без поголема опасност. Во првото полувреме Аталанта имаше поголем посед и контрола, но тешко доаѓаше до чисти шанси. Најголемата прилика ја ...
Екипата на Аталанта не успеа да ја прекине лошата серија резултати и одигра само 0:0 против Џенова на свој терен. Иако домаќините беа поблиску до победата и двапати ја стресоа рамката од голот, тимот на Рафаеле Паладино мораше да се задоволи со само еден бод. Од друга страна, овој резултат за Џенова значи и математичка потврда на нивниот опстанок во Серија А за следната сезона. Пропуштени шанси и доминација на „Божицата“ Натпреварот започна ...

