Изложбата „Вертикала на апсурдот“ на Јелена Божикова и Георги Божиков на 5 март ќе биде отворена во бифе „Тафталиџе“. Јелена Божикова (1992) е визуелна уметница која твори на пресекот помеѓу видливото и невидливото. Родена во уметничко семејство и израсната во средина каде креативноста била секојдневие, таа рано ја препознава уметноста како природен јазик на постоењето. Студент е на трета година на Факултетот за ликовни уметности, на отсек ...
На 5 март, со почеток во 20 часот, култниот скопски локал „Бифе Тафталиџе“ ќе стане сцена за едно несекојдневно уметничко доживување. Ликовните уметници Јелена Божикова и Георги Божиков за првпат ќе го претстават својот заеднички проект насловен „Вертикала на апсурдот“, изложба која ветува дијалог помеѓу надреалното, езотеричното и суровата реалност. „Вертикала на апсурдот“ ја избра автентичноста на Бифе Тафталиџе за да го претстави ...

