Во организација на „Винтер априкотс“ денеска и утре во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп ќе се одржи мал новогодишен Саем на книгата. -Освен можноста за збогатување на вашите домашни библиотеки со уште некој наслов, како за возрасните така и за најмладите, ова е добра шанса да се преброиме, да испиеме понекоја пијачка, подобро да се запознаеме меѓусебно, да разговараме за она што нѐ засега и заедно да се бориме против културната ерозија во нашиот ...

Како одминуваат последните денови од оваа веќе изветвена 2024 година, така расте предновогодишната еуфорија и во градот под Марковите Кули. На платото под вековниот симбол на градот – Градскиот саат, од денеска, па во наредните три дена, по втор пат, се одржува Новогодишниот базар. Интересот огромен, на задоволство и на граѓаните, но и на излагачите. „Годинава имаме многу поголем број на изложувачи, околу 30. Има од домашни преработки, сувомесни ...