И народот и јавноста и стручната фела, сите очекуваат резултати, бидејќи, за жал, довербата во правосудството е таа која што е, рече адвокатката Ружица Николовска во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. „Сметам дека новиот Републички јавен обвинител ќе биде исправен пред сериозни предизвици, каде што ќе треба да се настапи со сериозна програма за решавање на сите случаи. ...
Собранието вчера со 66 гласа „за“ го избра Савески за нов државен јавен обвинител. Согласно Законот за јавно обвинителство, член 63, мандатот на државниот обвинител е шест години, со право на повторен избор. Во изјава за МИА, Савески истакна дека негов приоритет ќе биде радикална отчетност, транспарентност и дигитализација на обвинителскиот систем. Тој смета дека најголем проблем не се платите, туку условите за работа, нагласувајќи дека „не ...

