Второлигашот Беласица денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната под водство на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов. На првиот тренинг се појавија сите играчи на кои Стојанов може да смета и неколку играчи од младинскиот погон. Како што истакнуваат од клубот овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во ростерот на струмичката фудбалска гордост. Од Беласица истакнуваат дека целите ...
Екипата на Беласица одигра одлично во есенскиот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а со тоа пораснаа и амбициите на тимот. Струмичани денеска означија старт на зимските подготовки. На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов се појавија сите играчи меѓу кои и неколку играчи од младинскиот погон. Од клубот информираат дека овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување ...
Ракометниот клуб Радовиш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, во која ќе има екстремно тешка задача. Во својот дом тимот го одржа првиот тренинг, а по заминувањето на Александар Долдуров, тренерската палка ја презеде добро познато име – Спасе Ѓорѓиев. Се работи за поранешен ракометар на Радовиш, кој една сезона беше и тренер на тимот. Ѓорѓиев им го претстави планот на своите ракометари и одржан беше полесен ...

