Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата 860 недела како еден од првите пет тенисери на АТП листата на 20 април 2026 година, и така ќе го урне и рекордот што претходно го држеше Рожер Федерер. Познатиот швајцарски играч помина дури 859 недели во светскиот врв во текот на својата богата кариера. Швајцарецот ќе има само уште 10 дена да го држи тој рекорд. Србинот наскоро ќе го надмине, со што ќе направи историја ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП- листата, што значи дека ќе биде меѓу привилегираните тенисери на вториот грен-слем турнир, Ролан Гарос. Практично, пред полуфиналето, најдобриот тенисер на сите времиња нема да може да игра против Јаник Синер, Карлос Алкарас и Александар Зверев. Оваа позиција во голема мера му ја олеснува ситуацијата на српскиот тенисер, бидејќи нема да има императив да брка дополнителни поени ...

