Челзи е во очајна форма и го запиша дури шестиот последователен пораз во Премиер лигата, губејќи од Нотингем Форест со убедливи 1-3, но мечот го одбележа голот на Жоао Педро, кој постигна фантастичен погодок во судиското надополнување. „Сините“ од Лондон одиграа ужасен меч пред своите навивачи, имаа голема негатива до 93. минута, но почесниот гол беше навистина ремек-дело, а Жоао Педро ја застресе мрежата со прекрасни „ножички“, измамувајќи ...
Челси продолжува со очајните партии и резултати во Премиер лигата, натпреварување од кое буквално се исклучи од почетокот на март кога ја совлада Астон Вила на „Вила Парк“ со 4-1. Од тој момент, па наваму „сините“ загубија од Њукасл, Евертон, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Брајтон и денеска од комбинираниот тим на Нотингем Форест, тим кого во четврток го очекува реваншот со Астон Вила во полуфиналето на Лига Европа. Популарните „шумари“ ...

