Е-трговијата во земјава продолжува да бележи силен и континуиран раст, потврдувајќи дека онлајн купувањето сè повеќе станува дел од секојдневието на граѓаните. Во текот на 2025 година биле реализирани онлајн трансакции во вкупна вредност од 950 милиони евра, што претставува значителен пораст од 32 проценти во однос на претходната година. Овие податоци беа презентирани на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ). ...

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - АЕТСМ. Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот ...