Српската министерка за државна управа и локална самоуправа Снежана Пауновиќ изјави дека „седум секунди од нејзиното интервју за Курир биле злонамерно извлечени“ за да биде обвинета дека се залага за етничко чистење. Истовремено, таа ги повтори ставовите од спорното интервју, додавајќи дека можеби било подобро да го употреби изразот „депортација“, наместо „етничко чистење“, за да избегне, како што рече, „да биде распната“. Пауновиќ, ...

Српската министерка Снежана Пауновиќ, која пред неколку дена предизвика лавина реакции поради нејзината изјава дека би извршила етничко чистење на Косово доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, сега тврди дека нејзината изјава е извадена од контекст, објавува Н1. Во интервју за ТВ Прва, Пауновиќ тврди дека седум секунди од нејзиното интервју за ТВ Курир биле злонамерно извлечени со цел да ја обвинат за етничко чистење. ...