Од почетокот на судењето за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, досега не е одложено ниедно рочиште. Досега се одржани вкупно 49 рочишта, од кои 40 се годинава, а до крајот на 2026 се закажани уште 15 рочишта, информираа денеска на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени се 1.390 материјални ...

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, како што е најавено, треба да биде сослушано вешто лице предложено од одбраната на обвинетата Милка Едровска – инженерка од фирмата „Венци Проект“. Претходно заврши сослушувањето на вештакот Петре Русески, кој го има изработено ...