Минесота на домашен терен го совладаа Денвер со 110:98 и со вкупни 4:2 во серијата се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, каде што ги очекува Сан Антонио Спарс. Овој успех има посебна тежина ако се знае дека „волците“ до решавачката победа стигнаа без неколкумина важни играчи, меѓу кои и двајца клучни. Ентони Едвардс и Донте Дивинченцо ги водеа Тимбервулвс до првите две победи, пред да заработат тешки повреди. Во четвртиот ...
Поразот на домашен терен во второто коло од серијата на крајот се покажа како клучен за испаѓањето на Денвер. Јокиќ и соиграчите потоа се обидуваа да го надополнат загубеното, но не успеаа да ја победат Минесота на нејзин терен. Немоќни беа и во последниот дуел. МекДениелс беше ѕвездата на Минесота на натпреварот, тој постигна 32 поени, а имаше и 10 скокови. Шенон реализираше 24. Кај Денвер најдобар беше Јокиќ, му недостасуваше еден скок за ...

