Полицијата, планинска служба за спасување и Црвениот крст на Хрватска спроведуваат обемна потрага по тројцата мажи кои исчезнаа во неделата во областа на реката Сава кај Ругвица. Во акцијата се вклучени беспилотни летала, пловила, а потрагата се одвива по бреговите на реката. Сè уште нема траги од исчезнатите мажи. Нивните лични документи се пронајдени во близина на брегот на реката Сава, што дополнително ја насочи потрагата кон таа област, ...

Голема потрага е започната во реката Сава кај местото Окуншчак, во општина Ругвица, откако исчезнале тројца државјани на Египет кои, според првичните информации, влегле во водата за да се разладат. Полицијата и спасувачките служби веднаш започнале акција за пронаоѓање на лицата, а локалното население е повикано да пријави доколку има какви било информации кои би можеле да помогнат во истрагата. Командирот на Противпожарната заедница на ...

Големата потрага по тројцата исчезнати странски државјани, кои во неделата попладне влегле во реката Сава на подрачјето на општина Ругвица во Хрватска, заврши трагично. Пронајдени се три тела, а полицијата смета дека се работи за луѓето по кои се трагаше, пренесува ХРТ. Според неофицијални информации на телевизијата, станува збор за државјани на Египет. Околностите под кои исчезнале сè уште се утврдуваат, но се претпоставува дека влегле во ...