Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јануари. Преподобен Павле Тивејски Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Мисирска во времето на царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи заедно со неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и Павловиот дел од имотот и му се закани на Павле дека ќе го даде на суд како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа ...

Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од ...