ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид Ве покануваат да присуствувате и медиумски да го проследите pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активности и забава за сите возрасти, да ја доближи темата на селекција и правилно постапување со отпад до граѓаните и посетителите. Датум: Недела, 16 ноември 2025 година Време: 11:30 – 13:30 часот Локација: Градски плоштад, ...
Охрид, 17. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“, организиран од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид со поддршка од Шведска преку SALAR International. Настанот беше дел од подготвителните активности за големата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и ...
Чисто е убаво – Охрид селектира! Градскиот плоштад вчера беше полн со музика, насмевки и стотици граѓани кои се вклучија во pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Децата и возрасните учеа преку игра за селекција и правилно управување со отпад, а наставниците и учениците од основните училишта, волонтерите од Црвен Крст, Збогум Буково, како и ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид беа таму да водат, објаснат и мотивираат. Овој настан ...

