76-годишен маж го загуби животот денеска во сообраќајна несреќа што се случи на една од градските крстосници во Гостивар. Според информациите од МВР, несреќата се случила точно во 12:35 часот на спојот меѓу улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“, кога товарно возило „мерцедес“ удрило во повозрасниот велосипедист. Иако И.М. бил итно пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, лекарите само ја констатирале неговата смрт. Полицијата реагираше ...

Во Скопје доцна синоќа е пријавен трагичен настан, за кој првично информираше телевизијата Алсат. Според неофицијални информации, станува збор за смрт на младо лице, за кое се сомнева дека било на возраст од 17 до 18 години. Настанот, според истите извори, се случил на подрачјето на Парк-шумата Гази Баба. Засега нема официјална потврда за околностите под кои настанала смртта. Од Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да ...

На 16 декември 2025 година, во 17:35 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани–Виница, на локација позната како „Сланечки дол“, патничко возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било ...