Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека соборувањето на американскиот воен авион „Ф-15“ над Иран нема да влијае на преговорите за прекин на конфликтот. Тој нагласи дека „таква е војната“ и одби да даде детали за тековните операции за пребарување и спасување на пилотот. Еден член на екипажот веќе е спасен од американските сили во рамки на итната операција за спасување, додека потрагата по вториот пилот продолжува. Два американски ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, размислува за поширока реконструкција на кабинетот откако ја отпушти државната обвинителка Пам Бонди оваа недела, поради растечкото незадоволство од политичките последици од војната со Иран, изјавија за Ројтерс пет извори запознаени со внатрешните дискусии во Белата куќа. Според изворите, ниту еден од членовите на кабинетот во моментов не е во опасност да биде заменет, но неколку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази увереност дека Соединетите Американски Држави (САД) имаат добри шанси да постигнат договор со Иран утре, датумот кога истекува неговиот ултиматум до Техеран. „Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за американскиот канал Фокс њуз, повторувајќи ја својата закана. Американскиот претседател потврди во саботата дека ултиматумот, што му го даде ...

