Охрид, 25. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Тринаесет храбри и хумани луѓе со својот силен дух и волја, вештина и способност ги брануваа мирните езерски води нуркајки на здив на патека во должина од 25 метри, поставена во водите на Охридското Езеро, кај Старото пристаниште. – Сите тие, но и бројни посетители, волонтери на Црвен крст Охрид од сите возрасти, беа дел од меѓународниот уникатен настан „Штафетно нуркање за мир“ кој се реализира во рамки на ...

Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, кој се одржа во водите на Охридското Езеро кај старото пристаниште. Целта ни е да ги мотивираме младите за спорт и спортски активности, но има и хуманистичка димензија да испратиме една силна симболична порака за мир, почитување и толеранција насекаде ...

Штафетно нуркање за мир во водите на Охридското езеро . Со нуркање на здив во должина од 25 метри во рамки на овогодинешното издание на Охридскиот фестивал на вода беше испратена симболична но силна порака за мир почитување и толеранција насекаде во светот. Специјален гостин е човекот „амфибија“, 71 годишниот Јане Петков од Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото. ...