Реки од кал и камења течеа во вчерашното невреме низ битолските улици што се во близина на делницата од улицата Дебарска која се реконструира. Дождот носеше камења големи и по десетина сантиметри, таложејќи ги низ сообраќајниците и затнувајќи ги шахтте. Најмногу наноси има на крстосницата меѓу Чеде Филиповски и Сремска Митровица. Тие ќе мора да се исчистат зашто можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот. При слично силно невреме на 23 ...
Улиците зад Здравствениот дом во центарот на Битола беа блокирани по вчерашниот едночасовен дожд. Надојдената вода ја раскопа делницата од улицата Дебарска чија реконструкција започна при сличен пороен дожд на 23 јуни годинава. Водата со себе носеше земја и камења, па ги затрупа подолните улици предизвикувајќи наноси, поплавувајќи објекти и оштетувајќи возила. „Со години се прават улици, никако да се асфалтираат. Ова како да не е центар. ...

