На 14 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави организаторот Авалон Продукција. На иста сцена ќе настапат Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“. – Во месецот во кој во Скопје и Македонија ќе има рекорден број на турбо концерти, во еден друг правец, на глава на жител, ние решивме да направиме еден различен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо – рок! Една вечер и три имиња ...

Наскоро! Meсеците ноември и декември се за Скопје време кога има премногу концерти. Да не знае човек, нормално доколку е при пари, на кој од тие настани да појде. Но, затоа тука е “Авалон продукција“ која реши да направи еден поразличен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо-рок! Во една иста вечер со три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, а кои сепак ќе свират по 90 минутни, ...