Делчево, 28 ноември 2025 (МИА) - Во Делчево синоќа беше одбележана 11-годишнината од прогласувањето на орото „Копачката“ за национално културно наследство, со исклучителен интерес и за негово впишување во светското културно наследство на УНЕСКО. На настанот присуствува градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, советници, гости од Фестивалот „Јаков од Камена Река“, како и претставничката на македонската заедница во Загреб и МКД „Охридски бисер“, ...

Делегацијата на Република Македонија, предводена од директорката на Управата за заштита на културното наследство, г-ѓа Весела Честоева, учествува на серија состаноци посветени на Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на вооружен судир кои се одржуваат во седиштето на УНЕСКО во Париз, во периодот од 1 до 5 декември 2025 година. Честоева се обрати во име на нашата земја во делот на состанокот на Високите договорни ...