Шестмина заболени од западнонилска треска се во критична состојба, а вкупно тројца починаа од прогласување на епидемијата на ова заразна болест во пет скопски општини. Министерот за здравство Сашо Клековски, на денешната прес конференција, рече дека освен во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, епидемија на западнонилска треска е прогласена и во Пелагонија, како место каде се заразиле сега заболените. Тој рече дека во ...

Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а особено на места каде има застојана вода во дворови или во нивна непосредба околина. Општините каде е прогласена епидемија ќе добијат СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје. Според епидемиолошките очекувања август и септември историски се месеци на врв на вакви епидемии, каква што е западнонилската треска, изјави денеска министерот за ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...