Шпанската фудбалска федерација им се извини на египетските репрезентативци и навивачи поради испадот на дел од шпанските фанови на вчерашниот пријателски натпревар во Барселона. Дел од домашните навивачи скандирале „Кој не скока е муслиман“, што логично е протолкувано како исламофобија и донесе и интерен конфликт меѓу шпанските навивачи. – Сите сме едногласни и ваква работа не смееме да толерираме. – Мислам дека организаторот реагираше добро ...

Ѕвездата на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, се осврна на темата за ксенофобичните скандирања за време на контролниот натпревар против Египет. Мечот се одигра на стадионот на Еспањол во Барселона и заврши без голови – 0:0. Јамал не одигра на своето највисоко ниво и беше заменет уште на полувреме, а според шпанските медиуми, бил вознемирен поради скандирањата од трибините. „Јас сум муслиман, фала му на Бога! Вчера на стадионот се слушаше ...