Во куќата на нејзиниот татко, најверојатно на спиење, била убиена 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел, откако утрово околу 6:40 часот сопругот со кој живееле одделно, влегол во куќата и ја избодел со нож. Убиството се случи на улица Петта во битолската населба Баир. Сопружниците поради несогласувања живееле одвоено, а имаат четири деца. По убиството 33- годишнот А.Р. е лишен од слобода, а во координација со јавен обвинител, против него ќе ...
Тешка трагедија ја потресе Битола, откако 31-годишна жена била убиена во семејната куќа на нејзиниот татко во населбата Баир, во раните утрински часови. Според првичните информации, осомничен е нејзиниот сопруг, со кого, како што се наведува, живееле одвоено поради претходни несогласувања. Инцидентот се случил околу 6:40 часот, кога мажот наводно влегол во куќата и ја нападнал жртвата со нож додека таа најверојатно спиела. Од полицијата ...

