Еурофарм Пелистер не победи на натпревар на кој се чинеше дека ги има бодовите во свои раце, а тоа може да има и негативно влијание врза шампионските амбиции на тимот кој важи за актуелен првак во македонското првенство. Избраниците на Гарабаја пропуштија убава шанса да го добијат дербито со Алкалоид и да го заборават кошмарното гостување кај Пик Сегед, но позитивата од пет гола во првото полувреме, па и од седум во вториот дел се покажа како ...
Кога се чинеше дека Еурофарм Пелистер сигурно чекори кон победа со комотни 23-16 во 40. минута, ракометарите на Алкалоид режираа епско враќање кое ќе се прераскажува. Избраниците на Кире Лазаров се вратија од „мртвите“ и извлекоа херојско реми од 26-26 во салата „Боро Чурлевски“. Како се „стопија“ седум гола разлика? Битолчани доминираа во првиот дел и почетокот на вториот, предводени од расположениот Дејан Манасков (9 гола) и голманот Никола ...
Иван Галевски во последната секунда му фати пенал на Еурофарм Пелистер и донесе бод за Алкалоид (26-26) на гостувањето во Битола. Иако домашните водеа со седум гола, тоа не беше доволно за победа. Последните секунди понудија вистинска драма. Усама Хосни сакаше да шутира пенал, но Иван Галевски реши да си поигра со неговите нерви. На крајот одговорноста ја презеде Богдан Радивојевиќ, ама и Србинот не погоди. Младиот голман, кој инаку е роден во ...

