Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 ноември. Свети Јован Милостив Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. ...
Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Јован Милостив, еден од најпознатите христијански светители, кој останал запаметен по својата добрина, милосрдие и несебична помош кон сиромашните и луѓето во неволја. Свети Јован Милостив живеел во шестиот и почетокот на седмиот век. Роден бил на Кипар, а подоцна станал патријарх Александриски. Целиот свој живот го посветил на помагањето на оние на кои им била потребна поддршка, ...

