Екипата на Илинден го разби Ускуп со 5-1 во меч од 9-тото коло на ОФС Гази Баба лигата, и со новите три бода го презеде првото место во ова натпреварување кое е четврто по ранг во Македонија. За Илинденците ова беше шеста победа по ред. Од клубот преку социјалните мрежи се пофалија дека тимот покажал сила, тимски дух и голема желба за успех! Ако продолжат со вакви игри и победи, воопшто нема да биде изненадување ако се пласираат во трета лига. ...
Илинден има шест победи по ред, што е потврда за големите амбиции кои сезонава ги има овој клуб. Оваа убава победничка низа значеше дека Илинден се искачи на првото место на табелата во ОФС Гази Баба, натпреварување што е четврто по ранг во македонскиот фудбал. Во вчерашното деветто коло, Илинден на свој терен доминираше и убедлио со 5:1 го победи Ускуп 1911. Ова беше и најубедливата победа во деветото коло. Со оваа победа Илинден сега е лидер ...

