„Црно злато“, новиот текст на македонскиот драматург Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски премиерно ќе се изведе на 27 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ). Праизведбата на драмата, чиј поднаслов е „Опиум или смрт“ беше во март годинава во Београдско драмско позориште, во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ. Дуковски го посветува текстот „Црно злато“ на неговиот професор Горан Стефановски (1952-2018), и вели дека многу научил од ...

Новата театарска претстава „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски и во режија на Слободан Унковски, премиерно ќе биде изведена на 27 ноември на сцената на МНТ. Претпремиерата е закажана за 26 ноември, а претставата ќе биде на репертоарот и на 1, 4 и 29 декември, беше соопштено на денешната прес-конференција. Дуковски меѓу другото истакна дека ја посветува на својот професор Горан Стефановски од кого, како што рече многу научил. Во март ...