Случајот датира од минатата година, кога по неколкудневна потрага по исчезнатата жена, дел од нејзиното тело беше откриен закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Исчезнувањето првично го пријавила нејзината сестра. Во изјава дадена пред Основно јавно обвинителство Штип, како можни мотиви беа наведени љубомора и нарушени љубовни односи. Од Министерство за внатрешни работи на Македонија информираа дека на 24 октомври 2025 година сестрата на ...
Започна судењето на 75-годишниот штипјанец Денис Асанов, обвинет за грозоморното убиство на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Тој се товари за убиство извршено при родово базирано насилство. Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради бруталноста на делото и начинот на кој било извршено. „Токму такво грубо прекршување на овие одредби и вршење фемицид, односно убиство на жена само затоа што е жена и вршење родово базирано ...
Во Основен суд Штип денеска започна судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Обвинетиот не се изјасни за виновен, а на прашањето од судечкиот судија Јулијана Недкова дали чувствува вина за делото што му се става на товар, Асанов категорично одговори: „апсолутно не“. Во воведниот збор, обвинителката од Основно јавно обвинителство Штип, Тања Кацарова, наведе дека убиството ...

