Центарот за управување со кризи информира дека утрово до 7:30 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни нема, а 22 пожари се изгаснати. Пожари биле регистрирани на повеќе локации низ државата, при што најчесто гореле ниска вегетација, грмушки, сува трева, депонии и отпад. Изгаснати се пожари во општините Чучер-Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, ...
Само неколку часа откако Центарот за управување со кризи информираше дека во Македонија нема активни пожари, до 13 часот се разгореа пет нови жаришта на отворен простор. Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце, во кратовското село Кетеново, во Логоварди кај Битола и во селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане. Според ЦУК, на различните локации гори ниска вегетација, грмушки, мешана шума, ѓубриште и слама во ...

