Дел од препораките се сите установи на подрачјето на Град Скопје да ја проверат исправноста и ефикасноста на грејните тела и уредите за загревање, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ зачестено да ги чисти и мие коловозите под надлежност на Град Скопје, а општините да постапат аналогно за улиците во нивна надлежност Граѓаните, особено чувствителните групи, да го ограничат престојот на отворено, да се избегнуваат спортски настани на ...
Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот ...

