Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година открива сериозни финансиски и административни слабости, а ревизорите дале неповолно мислење и за финансиските извештаи и за законитоста на работењето. Државниот завод за ревизија во извештајот објавен денеска констатира дека и покрај растот на приходите од придонеси, пензискиот систем и натаму не може самостојно да ги ...

Државниот завод за ревизија во анализата за 2024 година утврди дека наплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за покривање на расходите за пензии, поради што значителен дел од средствата се обезбедува преку трансфери од Буџетот на државата, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот. Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите ...

Добивај вести на Viber Приходите од наплатен придонес за ПИОМ во 2024 година се зголемени за 14 отсто во однос на претходната 2023 година и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74 проценти во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари. ...