Доскорешниот стратег на Барселона, Жоан Пењароја, ќе биде нов тренер на Партизан без оглед на последниот демант на прес-конференцијата на која присуствуваа директорот Паспаљ и претседателот Мијаиловиќ. Двајцата му искажаа доверба на актуелниот привремен тренер Оцокољиќ во пресрет на двојното евролигашко коло во кое Партизан се среќава со Болоња и со Жалгирис, но токму мечот во Каунас речиси сигурно ќе биде и последен за Оцокољиќ на чело на ...

Кошаркарите на Виртус Болоња славеа на гостувањето кај Партизан во Белград со 68-86 во рамките на 16. коло во Евролигата. „Црно-белите“ од Србија претрпеа десетти пораз во елитното натпреварување, иако врзаа две победи во претходните рунди. Италијанскиот тим се наметна уште од стартот и знаеше што бара во „Штарк Арената“. Виртус одигра добар прв дел, но уште подобар втор. Партизан парираше само на стартот, ама во продолжението беше немоќен пред ...