Според ОЈО ГОКК, осомничениот Анакиев, во период од петти овој месец до вчера, како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да „изврши службено дејствие што би морало да го изврши“ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на фирма, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев барал поткуп од 100.000 евра од фирма за да може да увезе стока која има забрана за влез. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Анакиев во својство на службено лице, директор на ДИЗ, со цел стекнување на противправна имотна корист, од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер, побарал поткуп во износ од 100.000 евра ...

„Прифатен е предлогот за определување 30 дена притвор против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијаие врз сведоци и опасност да го повтори делото“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје. Претходно денеска ОЈО ГОКК информираше дека како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција денеска е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против директорот на Државниот ...