Кошаркарите на актуелниот шампион Оклахома сити тандер славеа на гостувањето кај Денвер нагетс со 111-121 во дербито на вечерта во НБА лигата. Шај Гилџс Александер беше прво име во победничкиот табор завршувајќи го натпреварот со 34 поени. Кај поразените слаба партија имаше Никола Јокиќ кој го одигра својот втор меч по паузата поради повреда завршувајќи го натпреварот со 16 поени.  Пораз доживеаја и Лос Анџелес лејкерс кои загубија на ...

Шампионот Оклахома Сити тандер уште еднаш покажа зошто важи за најсилна екипа во Западната конференција, откако ноќеска на гостински терен сигурно и убедливо го совлада Денвер со 121-111. Иако конечниот резултат не покажува некоја голема разлика, случувањата на паркетот беа сосема поинакви. Тандер од самиот старт ја презедоа контролата врз натпреварот и не ја испуштија ниту еден момент, држејќи постојано водство во текот на сите 48 минути. ...