Одличен настап имаше Душица Бресалиева на Светското јуниорско првенство во теквондо во Ташкент, Узбекистан. Македонската натпреварувачка во својата категорија -55кг. оствари две победи, во првата борба ја совлада Ава Диало од Сенегал со 2:0. А во втората борба нашата теквондистка триумфираше над Јасмин Хуани од Тунис со 2:0. Во осминафиналето, Бреслиева со 2:0 загуби од светската вицешампионка Аминат Рамазанова од Русија. Одличен настап ...

Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија ја совлада Македонија со 5:0. Гостинките го решија мечот уште во првото полувреме кога постигнаа четири погодоци, а клучни беа двата гола во првите девет минути. Серијата погодоци ја отвори Дијана Чањи уште во втората минута, а веќе во деветтата зголеми на 2:0. Унгарската репрезентативка во 20. минута повторно се запиша во ...

И покрај тоа што иранскиот министер за спорт изјави дека земјата можеби нема да учествува поради војната со САД, а претседателот Доналд Трамп изрази загриженост за „животот и безбедноста“ на играчите, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека националниот тим на земјата ќе игра на Светското фудбалско првенство ова лето во САД, Мексико и Канада. – Се надеваме дека дотогаш ситуацијата ќе биде мирна, тоа дефинитивно би помогнало. Но, ...

Поради воените тензии со Соединетите Американски Држави постоеше загриженост дека Иран, репрезентацијата што обезбеди место на турнирот, нема ни да патува на турнирот. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сега ги отстрани сите сомнежи и јасно стави дознаење дека Иран ќе се натпреварува на Мундијалот. Зборувајќи во Вашингтон, Инфантино нагласи дека нема сомнение за учеството на иранската репрезентација и дека тие дефинитивно ќе бидат на ...