Барса по 13-ти пат во последните 35 години е европски шампион во ракомет за мажи. Каталонците ја вратија титулата во своите витрини, победувајќи го Фуксе Берлин во финалето со 37-34. Каталонците имаа повеќе мака во полуфиналето со Алборг каде играа продолженија, отколку во финалето во кое во првото полувреме постигнаа 20 голови. Тимот од Берлин и лани беше поразен во финалето, тогаш од Магдебург. Фуксе не бил европску првак, и тоа неискуство ...
Финалето не беше неизвесно, Барселона доминираше, Фуксе Берлин при крајот успеа да се доближи, но ништо не наговестуваше пресврт. Барселона на полувремето имаше предност од четири разлика, беше 20-16. Каталонците неколкупати имаа и највисоки шест голови разлика, конечниот резултат беше 37-34. Луис Фраде одигра извонреден натпревар, постигнувајќи седум гола од седум шута, зад него останаа Јанц и Гомез со по шест, а Макуч постигна пет. Гидсел ...

