Скршени од болка по смртта на својот тренер Агрон Мемеди, денеска (13 часот) фудбалерите на Шкендија мора да го одиграат мечот, последен, од 14.коло во ПМФЛ. Јасно е дека прес – конференцијата пред мечот со кратовци беше откажана, но денеска и покрај се, тетовци одат на победа против тимот на Силекс. Инаку денеска Шкендија испишува историја. Имено овој клуб за првпат во својата историја ќе биде домаќин на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ...

Денеска од 13 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во последниот меч од 14.коло, тимот на Силекс гостува кај Шкендија (Т). Кога ќе се погледне табелата се забележува дека овој меч и тоа како е важен за двете екипи. Силекс според резултатите нема успешна есенска полусезона, но сепак Силекс е Силекс има квалитет во себе да дојде до добар резултат било каде и против било кого во ПМФЛ. За тоа што може да се очекува од ова ...