На 19 ноември (среда) со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска ...
Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт задутревечер (сабота) во 20 часот во Македонската филхармонија. Ќе одбележат 30 години опстојување и творештво. Основани во 1995 во Битола, „Фолтин“ веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз. Нивниот стил – „псевдо-емигрантско кабаре“ – е магичен амалгам од традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс. Со десетина албуми и музика за бројни ...
Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во 19, 30 часот, во Македонската филхармонија. На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и ...

