Мастерсот во Монтреал е прва голема подготовка за грен слем турнирот во Њујорк, но како и многупати во изминатите години, најдобрите тенисери од врвот нема да се појават во Канада. Покрај планираното отсуство на Карлос Алкарас, учеството во Монтреал го откажаа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, а во период кога нивната одлука е предмет на расправа во тениските кулоари, Саша Зверев се претвори во прв фаворит за освојување на трофејот. Победникот ...
Во тениските кулоари, почна да се говори за потенцијални казни за оние кои нема да дојдат на мастерс турнирите, по откажувањето на настапите во Монтреал од страна на голем број играчи. Александар Зверев истакна дека таков систем веќе постои. „Така е сега. Мислам, тоа не е наука. Добиваме бонуси на крајот од годината ако ги играме сите девет Мастерси“, рече Зверев. На прашањето дали поголем финансиски стимул би ги убедил играчите како Новак ...

