Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот. Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице ангажирано од Јавното обвинителство, одговара на прашањата ...
Со вкрстени прашања од одбраната за градежните вештаци кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан ...

