На 15.12.2025 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Битола во Ресен го лишија од слобода О.Д. (51) од Ресен. Истиот ден полициски службеници од СВР Битола и Регионалниот центар за гранични работи Запад, по наредба на Основен суд Битола, во куќа во с. Курбиново, ресенско и стан во Ресен, сопственост на О.Д., извршија претреси, при што се пронајдени ловна пушка, 144 ловни патрони, воздушна пушка, околу 100 парчиња пиротехнички средства, ...

На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија ...