Пламени јазици од два огромни купови со отпад со часови гореа додека пожарникарите се обидуваа да го стават големиот пожар под контрола. Гореа лимови и остатоци од стари автомобили на отпадот во близина на Визбегово. Внатре со два крана, вработените се обидуваа да направат простор и да ги одделат незафатените остатоци од стари автомобили за да спречат ширење на огнот по целиот отпад. Каросерии и шофершајбни пукаа под огромната температура, ...
Со тешка механизација, пожарникари и ангажирани работници, цела ноќ се гаснел пожарот што избувна во Визбегово на отпад за старо железо. Сопствениците и вработените, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, интервенирале со часови за целосно ставање под контрола на огнот. Куповите отпад се преместувале од место на место за да се спречи повторно разгорување, додека гаснењето се вршело со неколку цистерни. Во акцијата биле ...
Се уште чади пожарот на отпадот во Визбегово, но е под контрола Пожарникарски тимови се на терен во Визбегово каде вчера во огромен пожар изгоре отпад на автомобили на фирмата АСД Метал Груп. Пожарникарите се на лице место поради можно постоење на скриени неизгаснати жаришта на опожарената локација, ни изјави командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески. Пожарот се уште чади, но е под контрола. Во интервенцијата немало ...
Пожарот на отпадот во Визбегово е изгаснат целосно по 24-часовна пожарникарска битка со големиот оган. Еден пожарникар се пожалил на премор, но нема посериозни повредени. Првично беше пријавено дека пожарот избувнал од машина за сечење на железо и лимови, но сопствениците на отпадот вчера изјавија дека машината воопшто не била вклучена. Постојат сомнежи дека пожарот тлеел подолг период по што вчера одеднаш избувнал и се проширил на голема ...

