Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски терен, а по тој повод на отварањето на натпреварот присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ- Мирчовска. Министерот за здравство, Алиу истакна дека во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани Владата организира неколку настани, меѓу кои и кошаркарскиот натпревар ...
Алиу се осврна на реакцијата на здравствените служби во првите критични часови, третманот и рехабилитацијата на повредените и упати посебна благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавниот и приватниот сектор, кои, како што рече, со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам извршиле натчовечки напори да спасат животи. „Вашата професионалност, солидарност и хуманост ќе останат длабоко запаметени. Во мигови кога ...

