Екипата на Овиедо се избори за третата победа сезонава и славеше со минимални 1-0 (0-0) над Џирона во натпреварот од 22. коло во шпанската Примера. Домашниот состав дојде до трите бода со единствениот погодок на мечот, кој беше дело на Мароканецот Илијас Каира во 74. минута. Со овој триумф се прекина негативната низа од 15 натпревари по ред без успех. Овиедо сега има вкупно шеснаесет бодови и се наоѓа на последната позиција на табелата, но ...

Фудбалерите на Лион го совладаа Лил со минимални 1-0 во дербито на 20. коло и успеаја да се задржат на четвртата позиција во француската Лига 1. „Лавовите“ воедно стигнаа до петтата победа во низа, а овој пат ги впишаа бодовите со голот на Ноа Нарти, кој погоди во 37. минута од натпреварот. Лил во продолжение ја презеде иницијативата, упати четири удари во рамките на голот, но остана со празни раце на тешкото гостување. За Лион ова е ...