Иран денеска предупреди дека ќе ги нападне „сите објекти“ во автономниот регион Курдистан (Ирак) доколку курдски борци навлезат на територијата на Исламската Република. „Досега беа нападнати само базите на САД и Израел, како и сепаратистички групи во регионот“, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на писмо од Високиот совет за национална безбедност на Иран. Советот предупреди дека доколку терористички групи стационирани во ...

Иран денеска изведе нови напади врз Израел и врз земји од Персискиот Залив, само неколку часа откако иранската државна телевизија објави дека Моџтаба Хамнеи, син на убиениот врховен лидер Али Хамнеи, е именуван за негов наследник. Моќната иранска паравоена Револуционерна гарда директно одговара пред врховниот лидер, а помладиот Хамнеи ќе има централна улога во воената стратегија на земјата. Саудиска Арабија денеска упати остро предупредување ...